Пристапување во фондот
- Инвеститор пристапува во Отворените инвестициони фондови КД Јужен Балкан или КД БРИК со потпишување на „Пристапница во Отворен инвестиционен фонд“. Пристапницата се пополнува и потпишува од страна на инвеститорот или негов овластен полномошник и овластен претставник на Друштвото, со лично присуство на двете страни. Пристапницата за секој инвеститор се пополнува само еднаш, при пристапувањето на лицето во Фондот.
- Инвеститори во фондовите може да бидат и физички и правни лица. Потребни документи за идентификација при пристапување во фонд се лична карта или пасош за физичко лице или Извод од Централен регистар за тековна состојба и ЗП Образец за заверени потписи доколку се работи за правно лице.
- За уплата на средства во фондот со цел купување на документи за удел се пополнува „Барање за купување на документи за удел“. Со пополнување и поднесување до Друштвото на образец на Барање за купување на документи за удел секое правно и физичко лице може да купи документ за удел во Фондовите. Во образецот се наведуваат посакуваната сума за инвестирање и динамиката на уплата. Барањето се пополнува и потпишува од страна на инвеститорот или негов овластен полномошник и овластен претставник на Друштвото, со лично присуство на двете страни.
- Со пополнувањето на Барањето инвеститорот добива Налог за уплата на средства (Уплатница) со која може да ја уплати посакуваната сума за инвестирање. Уплатата може да се изврши на секој шалтер на деловните банки или во пошта. Минималната сума за инвестирање изнeсува 1.000,00 (илјада) денари.
- Во рок од 5 (пет) работни дена по извршената уплата, Друштвото на инвеститорите им издава „Потврда за купување и состојба на документи за удел“.
Уплати во фондот може да се вршат неограничен број пати по желба на инвеститорот без разлика на висината и динамиката на уплатите.