|
Брендот KD и оваа година во Словенија го доби признанието “Trusted Brand” во категоријата Друштва за управување со фондови и инвестициски фондови
“Trusted Brand” e истражување на списанието Reader’s Digest, кое од 2001 година се огранизира во 18 европски држави, a трета година по ред се одржа и во Словенија. Целта на ова истражување е да се прикаже на кои марки европските потрошувачи најмногу им веруваат и како преценуваат во која категорија спаѓа производот помеѓу 20 глобални и 19 локални категории.
Најважни критериуми во истражувањето се добриот квалитет на производот и позитивното лично искуство на потрошувачите. За разлика од другите слични истражувања (како Superbrands), “Trusted Brand” се заснова на спонтаниот избор на потрошувачите, а не на избор од страна на стручно жири. Истражувањето го спроведе независниот институт за истражување на пазари и медиуми Mediana, а е поддржано и од Агенцијата за заштита на потрошувачи на Република Словенија.
Во годинешното истражување, со кое во текот на месец јуни беа опфатени 7.000 потрошувачи – претплатници на списанието во Reader’s Digest во Словенија одбрани по случаен избор, брендот KD во категоријата Друштва за управување со фондови и инвестициски фондови го зазеде првото место, втора година по ред и тоа со високи 31% од вкупниот број гласови.
Истражувањето го покажа следново: