http://www.kd-group.com/ English

 

Licna karta
Home|O nama

За нас

 

........Друштвото за управување со фондови КД Фондови АД Скопје е член на Групацијата KD Group од Словенија која спаѓа во најголемите финансиски групации во Словенија и прераснува во една од водечките во регионот на  Средна и Источна Европа.  Групацијата KD Group својата дејност ја извршува на територијата на 13 држави, управува со средства кои ја надминуваат вредноста од милијарда евра, во неа се вработени повеќе од  1.800 лица, а основните  дејности ги остварува на полето на управувањето со инвестициски фондови, водењето на индивидуални портфолија, брокерското работење и осигурувањето.   Во областа на управувањето со инвестициски фондови групацијата моментално управува со 26 инвестициски фонда – 13 во Словенија, 4 во Хрватска, 2 во Словачка, 3 во Бугарија, 3 во Романија и 1 во Србија.  
........Долгогодишната традиција и искуството на KD Group  во областа на управувањето со инвестициски фондови се гаранција за нашето добро познавање на пазарите на капитал на Балканот и во Источна Европа која ќе ни помогне во градењето на кредибилитет и доверба пред инвеститорите во Република Македонија и остварувањето на поголеми приноси во однос на конвенционалните облици на штедење.

........Придружете ни се и осигурајте ја Вашата иднина.